ПОЧЕТНА ЕВРОПА ЧУДО НЕВИДЕНО: МВП признанието не заврши во МЗТ

ЧУДО НЕВИДЕНО: МВП признанието не заврши во МЗТ

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Дури во четвртото коло се случи наградата за најкорисен играч да не заврши кај лидерот на табелата во АБА 2.

Во првото му припадна на Нуни Омот, во второто на Џабари Хиндс, а во третото на Дамјан Стојановски. Капитенот повторно одигра одличен натпревар, но за малку не влезе меѓу најдобрите тројца иако МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија.

МВП во четвртиот круг е кошаркарот на Рогашка, Тадеј Ферме иако тој немаше највисок индекс. Најдобар беше Блаж Махковиќ со 35, но бидејќи Хелиос Санс загуби од Ловќен, наградата замина во другиот словенечки претставник во АБА 2.

Но, и ова коло не можеше да помине без играч од МЗТ Скопје. Бојан Крстевски, заедно со Вукота Павиќ и Павле Марчинковиќ со 12 скока е најдобар во оваа статистичка категорија. Со тоа искусниот центар го продолжи континуитетот на добри игри и забележителни бројки во дресот на новиот клуб.