ПОЧЕТНА ЕВРОПА ЦСКА само за момент и се закани на Барса

ЦСКА само за момент и се закани на Барса

сподели
@FCBarcelona

Европскиот шампион потклекна во Блауграна, на стартот на новата сезона во Евролига. Домаќинот славеше со 76:66, триумф што беше под знак прашање во само еден момент, во последниот период, кога резултатoт беше 57:55.

Дејвис имаше 18 поени за победникот, Миротиќ реализира 17 со 7 скока, Абринес погоди клучна тројка во финишот и имаше 13 поени со 7 скока. Кај гостите, Шенгелија постигна 15 поени со 5 скока, Џејмс имаше 13 поени.