ПОЧЕТНА ЕВРОПА ЦСКА не ги пушти живи, Германците од Москва

ЦСКА не ги пушти живи, Германците од Москва

сподели
фото: CSKA

Во рамките на второто коло во елитното европско натпреварување, рускиот претставник се соочи со Баерн Минхен и славеше со 79:68. Ова беше втора победа за шампионот и рехабилитација по првиот домашен пораз од Зенит во ВТБ лигата.

Баварците беа во серија 18:0 во сите натпреварувања, последен пат загубија од Бон на 12-ти мај. Во 8 натпревари, немаат победа против ЦСКА. Најдобри поединци беа Вил Клајбурн со 15 поени кај победникот, односно Монро со 17 кај поразените.