ПОЧЕТНА ЕВРОПА ЦСКА го губи тлото во регионалната лига?

ЦСКА го губи тлото во регионалната лига?

сподели
vtb-league.com

По три кола во ВТБ натпреварувањето, актуелниот европски шампион има негативен старт, како никогаш претходно – од три натпревара, загуби два меча, од кои едниот е историски пораз од конкурент од Русија.

Зенит е клуб формиран 2003-та година и во третата рунда од ВТБ за првпат во истоиријата се радуваше на триумф против московскиот гигант во Москва, со 79:82. Претходно имаше три победи, сите во Санкт Петербург.

vtb-league.com

Регионалната лига постои од 2008-та, а од 2013-та година се смета и за руско првенство и највисоко пласираниот руски тим е првак на Русија. Во 11 сезони, ЦСКА само еднаш не беше ВТБ шампион, во 2011-та, кога тирумфира Химки.