ПОЧЕТНА ЕВРОПА Црвена звезда ја моли јавноста да го поштеди Кузмиќ

Црвена звезда ја моли јавноста да го поштеди Кузмиќ

сподели

Соопштението на КК Црвена звезда ви го пренесуваме во целост, преведено:

КК Црвена звезда со жалење ја известува српската и спортската јавност дека репрезентативецот на Србија и центар на нашиот клуб, Огњен Кузмиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во утринските часови.

Во таа прилика, Огњен доживеа тешки повреди на главата и на градниот кош, а поради деликатноста на повредите е пренесен во Белград.

КК Црвена звезда ќе ве исвестува за понатамошниот тек на ситуацијата кога ќе бидат собрани сите информации, притоа водејќи сметка за приватноста на Огњен Кузмиќ и за деликатноста на ситуацијата.

КК Црвена звезда мтс