ПОЧЕТНА ЕВРОПА Црна Гора се откажала од Миротиќ зашто не бил добар!?!?!

Црна Гора се откажала од Миротиќ зашто не бил добар!?!?!

сподели

Најголемата ѕвезда во европската кошарка оваа сезона, крена бура со својата одлука да ја напушти НБА и да се врати во Шпанија, но не во матичниот Реал, туку во најлутиот ривал Барселона.

Засега е одличен, веднаш се промовира во лидер на каталонската екипа која чекори според планот, со само еден кикс, на домашна сцена. Но, приказната за Никола Миротиќ е секогаш интересна за јавноста, особено кога станува збор за одлуката да заигра за Шпанија.

„Постоеше шанса да играм за Црна Гора, но по мислењето на тогашните челници и селектори, не бев доволно добар, не се сеќавам дали беше кадетска или јуниорска репрезентација.

Тоа лето не настапив за ниеден национален тим, следното добив шанса да земам шпански пасош и да заиграм за Шпанија. Во тоа време ми беше многу полесно со тоа да станам првотимец.

Кога еднаш си одбиен од својата земја каде мислат дека не си доволно добар, не постои причини да не земеш пасош на друга репрезентација која е и поквалитетна и поценета во светот. Освоивме сребо на Европско првенство во Хрватска, злато во Билбао и беше прекрасно. Од овој аспект целата приказна не е важна, но некои луѓе не ја знаат, па добро е да ја раскажеме“, откри Миротиќ во интервју за спортската телевизија Спортклуб.

Подоцна, како што вели, Кошаркарскиот сојуз на Србија се обидел да го убеди да заигра за репрезентацијата на оваа земја, но не директно, туку преку негови блиску луѓе. Сепак, Миротиќ бил веќе шпански репрезентативец со медали од големите натпреварувања и повеќе немало враќање.