ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Комбо бек со НБА потенцијал слета во Аеродром

Комбо бек со НБА потенцијал слета во Аеродром

сподели

МЗТ Скопје официјално го договори првото странско летно засилување, играч што ќе му прави друштво на Феми Олуџоби кој и минатата сезона беше член на седумкратниот шампион.

Ѓорѓи Кочов го избра американскиот интернационалец Хасани Гравет, 24-годишен бек кој може да ги покрива позициите 1 и 2. Првпат во својот живот ќе игра надвор од САД бидејќи колеџ-деновите ги помина на универзитетите Пенсакола и Јужна Каролина, а лани за малку не влезе во НБА лигата.

Кон крајот на август 2019 потпиша десетдневен договор со Орландо Меџик, но не заигра за овој тим, туку за неговата филијала во развојната лига Лејкленд. На 42 натпревара просечно постигнувал по 11,6 поени, 4,2 скока и 2,9 асистенции, играјќи по 30,8 минути.

Гравет е трето засилување за МЗТ Скопје во летниот преоден рок, по Адем Мекиќ и Филип Бакоч, а вкупно осми играч во ростерот на клубот од Аеродром. Претходно верноста кон тимот ја продолжија капитенот Стојановски, Андреј Маслинко и Олуџоби, како и тренерот Кочов, а важечки договори имаа Бојан Крстевски и Андреј Магдевски. Промена има и во стручниот штаб каде од новата сезона ќе биде Дарко Радуловиќ, довчерашниот тренер на Вардар.

Речиси сигурно повратник во МЗТ Скопје ќе биде Андрија Бојиќ кого само детали го делат од договор со својот поранешен клуб.