ПОЧЕТНА СВЕТ Колеџ играч постигна 100 поени!

Колеџ играч постигна 100 поени!

сподели

Џеј Џеј Калвер, брат на шестиот пик од последниот драфт и актуелен играч на Минесота, Џерет, стана вториот играч во NAIA лигата кој ја надминал магичната троцифрена граница.

На натпреварот меѓу Вејленд Баптист и Саутвестерн Адвентист, тој постигна точно 100 поени во победата на неговиот тим со 124:60. Пред него со ваков ефект во лигата можел да се пофали само Кларенс Френсис од Рио Гранде кој во 1954 година постигнал 113 поени.

Последниот кој воопшто реализирал троцифрен број поени е Џек Тејлор во NCAA каде во 2012 постигнал 138, а во 2013 – 109 поени.

Ако се погледне статистиката, може да се забележи дека Калвер не бил многу заинтересиран за тимска игра, туку за своите бројки. Од поле има 62 шута, вклучувајќи 33 за тројка, а остатокот од екипата има вкупно 15 шута од кои шест тројки.