ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Четврта сезона по ред – Марче на клупата на Гостивар

Четврта сезона по ред – Марче на клупата на Гостивар

сподели

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација нема да ја менува средината ни во годината што претстои.

Марјан Србиновски го продолжи договорот на уште една сезона и ќе остане на клупата во обид конечно да му донесе трофеј на Гостивар. И во кампањата што помина, овој клуб беше меѓу фаворитите за пехарите, но не доби можност до крај да ја избори битката во првенството и Купот.

Искусниот стручњак го презеде Гостивар во 2017 година кога клубот избори враќање во Првата кошаркарска лига. Во сите три сезони тимот играше во Суперлигата, лани играше во полуфиналето од Купот и плеј-офот, но недостасуваше последниот чекор. Гостиварци се надеваат дека во новата сезона ќе играат на три фронта бидејќи освен на домашна сцена, прават планови и за АБА 2.

По продолжувањето на соработката со Србиновски, Гостивар ќе почне да го составува тимот. Единствен кошаркар кој е под договор во моментов е американскиот плејмејкер Донован Доналдсон, најдобриот играч во екипата минатата сезона и еден од најдобрите во лигата.