ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Четири македонски екипи заинтересирани за регионалната лига со Бугарија, Србија и Грција?

Четири македонски екипи заинтересирани за регионалната лига со Бугарија, Србија и Грција?

сподели

Како што пред 10 дена објави basketball.mk, во Бугарија се појави идеја за заедничка лига која би претставувала ново силно натпреварување на Балканот, далеку поинакво од БИБЛ лигата или сличните проекти кои се со ограничени размер и квалитет.

Според неофицијалните информации кои ги добивме од изворите кај источниот сосед, во овој момент дури четири македонски екипи сакаат да се натпреваруваат во заедничко натпреварување, кое освен бугарските, ќе вклучува и екипи од Србија и Грција.

Не се наведуваат имињата на екипите, но за настап во новата лига за која иницијативата се родила во Стара Загора, најверојатно ќе бидат потребни квалитетни состави, па според тоа може да претпоставиме дека се работи за водечките екипи во македонската кошарка.

Нема да шпекулираме со имиња, но евидентно е кои македонски тимови би можеле да ги задоволат строгите вкусови на кошаркарски развиените Србија и Грција, а датумот за подетални информации, како што можевме да прочитаме и на одредени српски медиуми, е 15-ти јули.