ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Цел живот ќе го сакам Работнички!

Цел живот ќе го сакам Работнички!

сподели

Најдобриот играч на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив по две години го напушти Градски парк и одлучи кариерата да ја продолжи во својата татковина.

Нов клуб на Чавдар Костов е Левски Лукоил, еден од најсилните во бугарското првенство кој последната сезона ја загуби титулата од Балкан Ботевград. За двете години во Македонија, крилниот играч освои по една титула во првенството и Купот, но се покажа како еден од најдобрите странски кошаркари кои играле во нашиот шампионат.

По пауза од пет години тој повторно ќе игра во Бугарија, но престојот во Скопје нема никогаш да го заборави.

„Во Скопје си поминав прекрасно, добри луѓе, добра дружба, прекрасна храна… Работнички ќе ми остане во срцето до крајот на животот, тука ја имав најдобрата тимска атмосфера и за тоа сум им благодарен на тренерите и соиграчите.

Благодарам за можноста да бидам дел од институцијата Работнички и дел од срцата на навивачите. На сите им посакувам многу среќа во иднина и наскоро уште една шампионска титула“, изјави Костов за basketball.mk.

Во неговата прва сезона во Работнички тој беше прогласен за најкорисен играч во првенството од нашиот портал, а истото признание го доби од МКФ на завршниот турнир од Купот, во април годинава.