ПОЧЕТНА Интернационалци Чекор напред во кариерата на македонскиот талент

Чекор напред во кариерата на македонскиот талент

сподели
Марко Миловановиќ (фото: FIBA)

Еден од најдобрите кошаркари во јуниорската репрезентација на Македонија на неодамнешното Европско првенство во Романија има нов клуб.

Марко Миловановиќ (роден 2002 година) претстојната сезона ќе биде член на италијанскиот второлигаш Јуви Кремона каде заминува од членото на третата лига Басано. За крилниот играч ова е можност за напредок во кариерата која, според кошаркарските стручњаци, ги има сите услови да биде блескава.

Миловановиќ лани беше дел од најдобрата петорка на Европското првенство Б-дивизија во Сараево каде македонската репрезентација го освои третото место и обезбеди пласман во елитата.

Оваа година статистички беше втор најдобар играч во нашиот јуниорски национален тим на континенталниот шампионат Б-дивизија во Орадеа каде Македонија заврши на четвртата позиција.