ПОЧЕТНА Во позадина Чекај Мишко, а Скариоло?

Чекај Мишко, а Скариоло?

сподели
Мишко Ражнатовиќ (фото: Starsport, espreso.rs)

Најславниот eвропски менаџер за кошаркари и еден од најуспешните во светот на оваа тема, изјави(л) за РТС – 99% сум сигурен дека Игор Кокошков не може да биде на клупата на Србија, затоа што на еден асистент во НБА, најквалитетната лига тоа нема да му го дозволи.

Игор Кокошков го освои златото со Словенија, на ЕП во Турција 2017-та, во финале против Србија (фото: FIBA).

Воедно, Мишко Ражнатовиќ потенцира(л) дека е потребно селектор да не биде ниту тренер или асистент во НБА лигата, ниту евролигашки тренер, затоа што (екипите во) овие организации не дозволувале напуштање на клупите за време на ФИБА квалификациските прозорци.

Александар Ѓорѓевиќ заминувал од клупата на Србија без разлика на исходот на ова светско првенство, беше откриено во последните денови на мундијалот (фото: FIBA).

Кој е тој таков сензационален кандидат, што има цврста рака, квалитет и реноме за наследник на Александар Ѓорѓевиќ (кој заминува по 6 години и 3 освоени сребрени медали на ЕП, СП и ЛОИ), а кој не е во релација со екипи од НБА или од Евролига?

Саша Обрадовиќ беше еден од ретките што им даде безрезервна поддршка на српските репрезентативци и рече дека „неуспехот“ во Кина не е дебакл (фото: twitter).

Српскиот медиум Еспресо се повикува на ексклузивни извори и вели дека тоа е тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ кој ако ја преземе Србија, дали според сите овие показатели што се уште се во доменот на шпекулации, ќе треба замине од француската екипа?

Италијанскиот стратег Серџо Скариоло во 2015-та повторно ја презеде шпанската репрезентација, по стинтот од 2009-та до 2012-та година (фото: FIBA).

Како дополнително прашање и непозната, што е со Серџо Скариоло, асистентот во НБА франшизата Торонто Репторс, кој минатата сезона ја освои титулата во НБА лигата, како тој е селектор на Шпанија?