ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ФОТО+ВИДЕО) Чаво косата ја дава, ама брадата – никако!

(ФОТО+ВИДЕО) Чаво косата ја дава, ама брадата – никако!

сподели

Еден од најдобрите странски кошаркари кои играле во земјава од осамостојувањето, покрај со добрите игри, беше карактеристичен и по својот имиџ кој го негува и откако се врати во татковината.

Долгата коса и брада беа негов заштитен знак, а вети дека ќе ги избричи ако со Левски Лукоил сезонава освои тројна круна: првенството и Купот на Бугарија и ФИБА Еврокупот. Тоа нема да се случи бидејќи бугарскиот тим испадна од европското натпреварување, а во меѓувреме дојде до пехарот од Купот.

Одлучи и делумно да го смени имиџот, ја скрати косата, но не ја чепна брадата. А, денот кога го стори тоа го нарече тажен.