ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Чавдар Костов си оди од Работнички!

Чавдар Костов си оди од Работнички!

сподели

По две фантастични години во македонското првенство, еден од најдобрите странци кој играл во земјава, пример за тоа каков увоз ни треба во кошарката, си заминува!

Договорот на Чавдар Костов со Работнички истече на крајот од последната сезона во која најтрофејниот клуб го освои пехарот во Купот, но не ја одбрани шампионската титула.

Центарци се пред реорганизација, од екипата ќе си заминат многу ведети, а меѓу нив и фантастичниот бугарски рпрезентативец кој не се договори со раководството за продолжување на соработката.

Во двете сезони во Македонија тој освои по една титула во Купот и првенството во Македонија, лани беше прогласен за МВП на сезоната од basketball.mk, а годинава го доби истото признание на завршниот турнир од Купот.

Втората сезона ја заврши со учинок од 16,7 поени, 6,1 скока и 2,3 асистенции по натпревар. Беше најдобар стрелец во екипата на Работнички и имаше втор индекс на корисност (20), зад Кирил Николовски кој го пропушти речиси целиот втор дел од сезоната.

На адреса на бугарскиот крилен играч стигнаа повеќе понуди и до крајот на неделата ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.