ПОЧЕТНА Во позадина Чавдар Костов ќе се избричи… под еден услов!

Чавдар Костов ќе се избричи… под еден услов!

сподели

Поранешниот играч на Работнички по пет години се врати во татковината и сезонава е еден од носителите на играта на вицешампионот на Бугарија, Левски Лукоил.

Веќе освои еден трофеј, Суперкупот на Бугарија, но тоа не е доволно ни за него, ни за амбициозниот клуб. Каде и да оди, Чавдар Костов е интересен поради својот имиџ за кој зборуваше во интервју за бугарскиот кошаркарски портал bball.bg. Вети и дека ќе се избричи.

„Единствената шанса да го направам тоа од спортски причини е да ги освоиме трите трофеи (првенството и Купот на Бугарија и ФИБА Европа купот н.з.). Тогаш повторно ќе ме видите без брада“, најави Костов.

По четири кола од бугарското првенство Левски Лукоил е на чело со максимален ефект, заедно со шампионот Балкан. Во ФИБА Европа купот е одигран само еден натпревар, во него софискиот тим загуби од Цмоки Минск со 81:68, а во групата се уште украинските Киев и Днипро.