ПОЧЕТНА Во позадина Царот Дирк Новицки го насмеа цел свет

Царот Дирк Новицки го насмеа цел свет

сподели

Откако ја заврши играчката кариера, најдобриот германски кошаркар на сите времиња е поактивен на социјалните мрежи, а неговите фанови имаат можност да му го видат и другото лице, надвор од терените.

Дирк Новицки го насмеа цел свет со последниот твит, објавен откако од Кина, каде што беше промотор на Светското првенство, се врати во Далас.

„Доаѓам дома од Кина и гледам еден куп камери на аеродромот. Си велам: Човеку, уште сум ѕвезда. Излезе дека дошле по Зеке“, напиша Новицки.

Зеке е Езекиел Елиот, член на НФЛ тимот Далас Каубојс кој пристигнал во исто време со Германецот, а новинарите го пречекале бидејќи е актуелен затоа што на два дена пред стартот на новата сезона уште не ја решил ситуацијата со својот договор.