ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кампацо сака да си оди, ама треба длабоко да брцне во џебот

Кампацо сака да си оди, ама треба длабоко да брцне во џебот

сподели
фото: ACB

Најдобриот играч на Реал последната сезона, наводно, го известил раководството на клубот дека сака да си замине од Мадрид и кариерата да ја продолжи во НБА од каде, како што кажал, има две понуди.

Но, одењето од Реал воопшто нема да биде лесно, уште помалку евтино. Со оглед на тоа што е под договор, Факундо Кампацо ќе треба да плати нешто повеќе од 5,3 милиони евра од свој џеб и тоа во најдобар случај. Тој не е избран на драфт, па неговиот нов тим може да покрие само 750 илјади долари (околу 638 илјади евра), а откупната клаузула од Реал изнесува шест милиони евра.

Ист беше случајот со Серхио Родригес кога тој си одеше од Реал и замина во тимот на Филаделфија. Кампацо беше член на мадридскиот клуб од 2014 година, но една сезона помина на позајмица во Мурсија. За него, наводно, се заинтересирани Минесота и Далас. Ако замине во франшизата од Тексас, повторно ќе му биде соиграч на Лука Дончиќ.