ПОЧЕТНА ЕВРОПА КАЛАТЕС: Го мразев Јасикевичиус!

КАЛАТЕС: Го мразев Јасикевичиус!

сподели

Барселона денеска го претстави новиот плејмејкер во тимот како прво официјално засилување за новата сезона.

Ник Калатес е еден од најдобрите на својата позиција во Европа во моментов, убедливо прв асистент во Евролигата и ќе веројатно ќе биде елементот што и недостасуваше на Барса последната сезона за да ја освои титулата во домашното првенство.

Интересно е тоа што тренер во Барселона ќе му биде Шарунас Јасикевичиус, негов соиграч од деновите во Панатинаикос каде една сезона носеа ист дрес (2009/10). Калатес нема убави спомени од таа година.

„За време на мојот прв престој во ПАО го запознав Шарас и го мразев бидејќи многу викаше на мене. Имав 20 години и не разбирав дека се обидува да ми помогне и да ме направи подобар кошаркар. Подоцна го сфатив тоа и станавме многу блиски“, изјави Калатес по презентацијата во тимот на Барселона.

И претходните пет години тој беше член на Панатинаикос, а во кариерата има шест шампионски титули во грчкото првенство и една во Евролигата.