ПОЧЕТНА Евролига Чачо брзо најде нов клуб

Чачо брзо најде нов клуб

сподели

Два дена откако објави дека нема да продолжи во ЦСКА, шпанскиот интернационалец Серхио Родригез договори која ќе биде следна станица во неговата кариера.

Водечките италијански и европски кошаркарски портали тврдат дека искусниот плејмејкер повторно ќе работи со поранешниот тренер од Реал Мадрид, Еторе Месина. Тоа значи дека Родригез заминува во италијанското првенство, односно во тимот на Олимпија Милано која со високи амбиции ја очекува новата сезона.

Чачо беше член на ЦСКА две години, а си заминува по освоената титула во Евролигата, втора за клубот во период од три години.

Најтрофејниот италијански клуб ќе биде четврти во Европа во кариерата на Родригез по Естудијантес, Реал и ЦСКА. Играше и во НБА лигата, во Портланд, Сакраменто, Њујорк и Филаделфија.