ПОЧЕТНА Некатегоризирана Бурен ден во Лејкерс: Леброн се откажа од бројот, Дејвис се откажа...

Бурен ден во Лејкерс: Леброн се откажа од бројот, Дејвис се откажа од пари

сподели
The Spun

Франшизата од Лос Анџелес е решена летово да направи супер-екипа и по долго време да се врати во трката за титулата во НБА лигата.

Првиот чекор кон тоа беше трансферот на Ентони Дејвис кој ќе се официјализира на почетокот на јули кога ќе почне преодниот рок. За да му биде поудобно на новиот играч се погрижи Леброн Џејмс кој, како што тврдат американските медиуми, се откажал од бројот 23 за да му го подари на Дејвис.

Наводно барањето за промена на бројот е испратено до НБА и се чека дозвола оттаму. Уште не се знае кој број ќе го носи Леброн во новата сезона, се шпекулира со шестката, но таа сега е во сопственост на Ленс Стивенсон кој уште не се изјаснил дали останува или ќе биде трејдуван.

The Score

Кога веќе тој направи џентлменски потег, се надоврза и Дејвис кој се откажа од четири милиони евра кои ќе бидат искористен за ангажман на уште една голема ѕвезда. Се погласно се зборува дека тоа ќе биде МВП од финалната серија меѓу Торонто и Голден Стејт, Кави Ленард. Во селари-капот Лејкерс сега имаат 32 милиона долари.

Дел од дополнителните средства се обезбедени со трејдот со Визардс во кој во Вашингтон се испратени Морис Вагнер, Ајзак Бонга и Џемерио Џонс. Сега Лејкерс под договор имаат само тројца кошаркари: Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Кајл Кузма.