ПОЧЕТНА БИБЛ Бугарите се повлекуваат, БИБЛ лигата пред колапс

Бугарите се повлекуваат, БИБЛ лигата пред колапс

сподели

Единственото меѓународно кошаркарско натпреварување во кое триумфирале македонски клубови би можело да згасне ако се оствари најавата од нашиот источен сосед.

На Собранието на Националната бугарска лига (НБЛ), ниеден од клубовите не изразил желба да настапува во БИБЛ лигата во претстојната сезона. Напротив, претставниците на секој од нив јасно истакнал дека нема да се вклучи во неа.

Претходната натпреварувачка кампања од бугарските клубови во БИБЛ учествуваа Берое и Академик Бултекс.

Лигата се соочува со проблеми години наназад и многу ретко го завршува лигашкиот дел со истите екипи кои почнуваат. Лани, на пример, Приштина го најави своето учество, но не одигра ниеден натпревар и подоцна се откажа.

Дополнително во лигата влезе казахстанскиот Барси Атирау, а потоа и нашата Блокотехна која на крајот ја освои титулата.

Освен гевгеличани кои во меѓувреме се фузираа со Кожув, во БИБЛ триумфираше и Фени Индустри во сезоната 2010/11. Ако воопшто опстои лигата, таму најверојатно би учествувале само клубови од Македонија, Косово и Албанија.