ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бубе Младеновски се врати во Работнички!

Бубе Младеновски се врати во Работнички!

сподели

Шест години откако го напушти Градски парк, освои пет шампионски титули и две во Купот на Македонија, еден од најквалитетните македонски центри повторно ќе го облече „црвено-белиот“ дрес.

Љубомир Младеновски потпиша отворен договор со Работнички до крајот на сезоната и ќе претставува големо засилување за најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Тоа значи дека може да го напушти тимот ако најде задоволувачки ангажман во странство.

Младеновски помина една сезона и во странство, во тимот на Илирија од Словенија

Минатата сезона Младеновски ја помина во МЗТ Скопје со кого ја освои титулата во домашното првенство, но си замина во обид да најде клуб во странство. Во Работнички дебитираше во сениорска конкуренција во 2012 година, но потоа вкупно пет сезони, во два циклуса одигра во најлутиот ривал.

Центарот е шести нов кошаркар во Работнички оваа сезона. Пред него дојдоа Хејден Лесколт, Двејн Бенџамин, Данило Мијатовиќ, Стеван Глигоријевиќ и Горан Главчев. Тука е и Теодор Атанасов, но тој уште нема право на настап бидејќи се води како домашен играч, а уште нема македонски патни исправи.