ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бубе го јавна Стајо

Бубе го јавна Стајо

сподели

Центарот на домаќинот и плејмејкерот на гостите се најдоа во чудна ситуација, која се случи за време на пресметката меѓу Работнички и Кожув (97:81), во рамките на 9-то коло во салата Градски парк.

Колегите од македонската репрезентација играа(т) во противнички бои, а физички поголемиот се најде во доминантна и супериорна позиција во еден дуел на паркетот.

Судиите не го прекинаа мечот, Младеновски и Стајиќ брзо се отплеткаа и мечот продолжи, а овој кадар останува да посведочи за уникатните моменти за време на кошаркарските натпревари.