ПОЧЕТНА ЕВРОПА Брзо стигна одговорот: Миротиќ лаже!

Брзо стигна одговорот: Миротиќ лаже!

сподели
Данило Митровиќ - лево (фото: reprezentacija.me)

Изјавата на кошаркарот на Барселона дека не заиграл за Црна Гора затоа што не го сакале, односно сметале дека не е добар за нив, наиде на жестока реакција од Кошаркарската федерација на оваа земја.

Прв се јави директорот на репрезентативните селекции Данило Митровиќ со категоричен демант на зборовите на шпанскиот репрезентативец.

„Тој е повеќе Шпанец, отколку Црногорец штом одлучи да игра за Шпанија. Тоа што доби шпански пасош на 16 години за подобро да помине во кариерата е друга работа. Миротиќ е Црногорец, роден е во Црна Гора, има црногорски пасош и државјанство и никој не може да му забрани да игра за својата татковина.

Никола одлучи да игра за Шпанија, а дека некој не го повикал или проценил дека не е добар – едноставно не е точно!

Се обидовме на илјада начини, па дури и откако заигра за сениорската репрезентација на Шпанија. И тогаш можевме да го земеме Миротиќ преку ФИБА која ги казни Шпанците со 100 или 120 илјади швајцарски франци поради нелегална регистрација и играње за Шпанија.

Кога Лука Павичевиќ беше селектор се обидовме повторно, без оглед на тоа што веќе имаше стаж во шпанската репрезентација. Од ФИБА тогаш ни рекоа дека ако потпише дека сака да игра за Црна Гора ќе игра како домашен кошаркар, а не натурализиран. Навистина, по толку години, не ја гледам целта на оваа приказна“, изјави Митровиќ.