ПОЧЕТНА СВЕТ Бруклин ги приземји Лејкерс во Шангај

Бруклин ги приземји Лејкерс во Шангај

сподели
фото: Nets

Најгламурозната НБА франшиза сепак отпатува за кинеската провинција и го одигра мечот против конкурентот од Њујорк, во кој загуби со 111:114. Нетс победија без Ирвинг кој се повреди во првата минута и од поодамна повредениот Дјурант.

Натпреварот се одигра, но со одредени рестрикции пред дуелот, како на пример комуникацијата на играчите со медиумите и слично, поради жестоката реакција на Кина по твитот на генералниот менаџер на Хјустон, кој ги поддржа антивладините протести во Хонг Конг.

Динвиди беше најдобриот стрелец кај победникот со 20 поени, предводејќи шестмина со двоцифрен број поени. Кај Лејкерс се истакна Џејмс со идентичен учинок, а го следеа уште четворица колеги од екипата.