ПОЧЕТНА Некатегоризирана Бројот на европската НБА легенда, оди во историја

Бројот на европската НБА легенда, оди во историја

сподели

Французинот што и беше верен на франшизата цели 17 сезони, пред да ја заврши кариерата во друга екипа, ќе си добие свое место во кошаркарската вечност на тимот од Тексас.

Тони Паркер се пензионира минатата сезона, како играч на Шарлот, но претходно одигра плодни скоро две децении во боите на Сан Антонио, во кои освои 4 шампионски прстени.

Паркер беше МВП на финалната серија 2007 година, учествуваше на 6 Ол-Стар викенди и беше член на втората петорка на НБА лигата три сезони по ред (2012-14).

Плејмејкерот е лидер на франшизата Спарс во асистенции (6.829), втор во одиграни натпревари (1.198) зад Тим Данкан и број 4 во постигнати поени (18.943).