ПОЧЕТНА ЕВРОПА Браун нема да паузира многу, но сепак ќе пропушти важни натпревари

Браун нема да паузира многу, но сепак ќе пропушти важни натпревари

сподели
euroleague.net

Најдобриот играч на Црвена Зезда последниот период, ќе биде надвор од екипата најмалку една недела, по повредата на дуелот со Басконија.

Американецот имал среќа, повредата не е од потешка природа, но поради згуснатиот распоред на Звезда и фактот што претстојната седмица се играат две кола од Евролигата, ќе пропушти најмалку три натпревари. Сигурно нема да игра против Задар во АБА и ЦСКА и Олимпијакос во Евролигата, а неизвесен е за гостувањето кај Приморска во регионалното натпреварување идниот викенд.

Белградскиот тим игра многу променливо оваа сезона, тоа е причината што е далеку од врвот во АБА и надвор од плеј-оф зоната во Евролигата. Драган Шакота мора да најде замена за Браун кој беше најзаслужен за неколку победи претходните недели.