ПОЧЕТНА СВЕТ Брадата многу блиску до Џордан

Брадата многу блиску до Џордан

сподели
twitter

Споредбите секогаш се неблагодарни, но учинокот на играчот на Хјустон не смее да не се спомене, затоа што се граничи со раритентните остварувања на еден од најдобрите кошаркари на модерното време, можеби и на сите времиња.

Џејмс Харден постигна 292 поена (36.5) на првите осум натпревари, што не е видено уште од времето кога Мајкл Џордан чекореше по паркетите и во сезоната 1988/89 на ист број мечеви од стартот постигна 303 (37.9 по натпревар).