ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Бостон квартет за (останување на) светскиот трон

Бостон квартет за (останување на) светскиот трон

сподели
фото: ESPN

Американците се соочија со безброј откажувања во текот на летниот период, но тоа можеби и беше дел од стратегијата за задржување на приматот во светски рамки.

Со оглед на тоа дека селекторот Грег Попович – кој што нема влакна на јазикот на ниту една тема, вклучувајќи ги тука на пример и проблемите на расна основа, коишто се уште се присутни во американското општество, а ретко кој има храброст да зборува за нив – не бомбардира ниту еден играч поради прескокнувањето на повикот за селекцијата, се е јасно.

Америте „планирале“ да дојдат со „ослабен“ состав на СП и повторно да го покорат светот, со малку поинаква формула: тимска хемија. Дури четворица соиграчи од редовите на Селтикс се во ростерот, а тоа се Џејлин Браун, Кемба Вокер, Џејсон Татум и Маркус Смарт.

Не само што ќе поминат цело лето заедно и ќе се запознаат подобро, односно ќе бидат носители на играта на нивната репрезентација во Кина, туку тие воедно ќе бидат подготвени и за новата сезона во НБА лигата, со што и селекцијата на САД и екипата на Бостон, може да имаат огромна придобивка од овој „план“.

Се што треба да се случи, е планот да успее…