ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БОМБА ОД СЕВЕРОТ: НБА играч во Куманово!

БОМБА ОД СЕВЕРОТ: НБА играч во Куманово!

сподели

Високите амбиции на поранешниот македонски вицешампион за новата сезона воопшто не се нереални ако се земат предвид последните потези.

Екипата има нов тренер, ги продолжи договорите со голем дел од досегашните кошаркари, а почна да носи и засилувања. Од домашната сцена тоа е Дамјан Робев, потоа беше договорен американскиот центар Хулио Гуити, а трето ново име во Куманово е поранешниот играч на Мемфис Гризлис, Џош Селби.

Плејмејкерот има 29 години, во НБА играше на почетокот од својата професионална кариера, откако во 2011 година беше избран како 49. пик на драфтот, на кој во лигата влегоа Кајри Ирвинг, Енес Кантер, Кемба Вокер, Клеј Томпсон, Кавај Ленард итн. Во НБА одигра 38 натпревари за две сезони, со просек од 2,2 поени, 0,9 асистенции и 0,5 скока по натпревар.

Во подоцнежниот дел од кариерата, меѓу другото, беше член и на Цедевита каде се задржа само еден месец. Последните две години играл во Јапонија и Јужна Кореја и сигурно ќе биде големо засилување за Куманово.

Можно е клубот претстојната сезона да се пријави во БИБЛ или во македонско-бугарската лига која е во најава.