ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Боговите си играа(т) та*ак со Србите и Американците

Боговите си играа(т) та*ак со Србите и Американците

сподели
FIBA

Селекциите на двете најизвикани репрезентации, пред почетокот на 18-то СП, ќе се соочат на мундијалот, но само во битката за пласман.

Тоа ќе биде дуел на два кошаркарски титана кои имаат по 5 рекордни златни одличја, кои играа во финалето на последниот светски собир и кои не личат на себе во Кина.

За двете репрезентации нема медал, за српската нема ни билет за Токио за што ќе треба да се потат на квалификациски турнир.

FIBA

Американците обезбедија виза за ЛОИ 2020, како една од двете најдобропласирани американски селекции, но се далеку од она што го посакуваа како конечен исход.

Ако ништо друго, барем овие два табора ќе се судрат гради в гради и ќе покажат кој игра подобра кошарка, иако и двете селекции не се комплетни на ова СП – што поради повреди, што поради откажувања, што поради каприци на селектори…