ПОЧЕТНА Некатегоризирана Богдановиќ стана најскапиот спортист во историјата на неговата земја!

Богдановиќ стана најскапиот спортист во историјата на неговата земја!

сподели
fiba.basketball

Лудилото околу трансферите во НБА лигата не ги одмина и балканските земји, кои што со дел од своите претставници преку Океанот, се во центарот на вниманието.

Бојан Богдановиќ е најскапиот спортист во историјата на Хрватска, со склучувањето на договорот со Јута Џез, вреден 73 милиони долари за 4 години.

FIBA

Хрватскиот интернационалец, кој што има 30 години, минатата сезона имаше просек од 18 поени со 4 скока по натпревар, во дреот на Индијана Пејсерс.

Досега, најскап Хрват беше кошаркарот Тони Кукоч кој што заработи 83 милиони американски долари, а втор на листата беше фудбалерот Дарио Срна со 61 милион американски долари.