ПОЧЕТНА Некатегоризирана БОГДАНОВИЌ: Сега со Јокиќ, целта е јасна!

БОГДАНОВИЌ: Сега со Јокиќ, целта е јасна!

сподели

Српскиот плејмејкер, како и сите ногови колеги, е воодушевен од појавувањето на Никола Јокиќ како еден од адутите на селекцијата на северниот сосед, на претстојното светско првенство што ќе се игра во Кина.

„Ќе ни биде полесно. Тој е еден од нашите најдобри играчи. Мислам дека токму тој, ни недостасуваше годиниве наназад.

Не е лесно по таква тешка сезона, како неговата, да решиш да играш на уште едно натпреварување, но тој одлучи да игра.

фото: mozzartsport.com

Ние го поддржуваме, секоја чест за потегот. Сите сме заедно и единствени.“ – рече Богдан Богдановиќ.

Србија ќе настапи со најсилниот состав, се враќа и Бјелица, но и американската селекција најави дека ќе има пеколна постава, на претстојниот мундијалски собир, што е најава за кошаркарски спектакл во Пекинг.