ПОЧЕТНА СП 2019 Богдан се загрева(л) за Шпанија со околу 2.000 тројки, автобусот го чека(л)...

Богдан се загрева(л) за Шпанија со околу 2.000 тројки, автобусот го чека(л) само него

сподели
фото: B92/AK

Српските колеги од Кина (Б92) информираат дека лидерот на нивната репрезентација во досегашниот тек на првенството, не отстапил од својот ритуал што го има на скеој тренинг, а тоа е шутирање на тројки откако сите ќе ја напуштат салата.

Му помагале еден од асистенците на Ѓорѓевиќ и неколку волонтери, претседателот на федерацијата Даниловиќ и тим-менаџерот Илиќ го молеле да побрза затоа што целата експедиција го чекала само него.

Богдановиќ се упатил кон тимскиот автобус откако завршил со шутерскиот тренинг, што траел половина час. Што се случувало во салата, колку шутнал и колку погодил, ќе видиме од неговиот перформанс против Шпанија во второто коло во втората фаза по групи.