ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна не добила покана за АБА 2, ама добила од БИБЛ

Блокотехна не добила покана за АБА 2, ама добила од БИБЛ

сподели

Ланскиот финалист во Купот на Македонија планира постапно да се развива откако се возобнови по едногодишна пауза.

Во новата сезона Блокотехна ќе почне од најнизок ранг, од Втората лига, но со надеж дека многу брзо ќе се врати на старите патеки. Интересно е тоа што гевгеличани уште се актуелни шампиони на БИБЛ лигата поради што е логична поканата од ова натпреварување за настап во новата сезона.

„Не знаеме дали исполнуваме критериуми за настап во АБА 2, но оттаму не дошла покана. Стигна од БИБЛ, но рано е во оваа фаза, а особено во ова неизвесно време, да планираме дали би учествувале таму. Засега е јасно само дека ќе играме во Втората лига на Македонија“, велат од Блокотехна за basketball.mk.

Почнати се плановите за екипирање на тимот, но за првата сезона тој нема да биде блескав како што тоа беше случај лани што и не е можно со оглед на тоа што во Втората лига не можат да играат странски кошаркари.

„Периодов сме во контакт исклучиво со играчи од Гевгелија, кои ни се главен фокус“, дополнуваат гевгеличани.

Блокотехна е еден од само двата македонски клуба кои успеале да освојат трофеј на меѓународна сцена. Вториот е Фени Индустри кој, исто така, триумфираше во БИБЛ лигата.