ПОЧЕТНА Евролига Блат се бори со опака болест

Блат се бори со опака болест

сподели
olympiacosbc.gr

Грчкиот клуб Олимпијакос објави преку официјално соопштение дека тренерот Дејвид Блат има дијагноза на мултиплекс склероза. Тој дознал за неговата состојба пред неколку месеци и во изминатиот период чувствувал замор и проблеми со нозете и рамнотежата.

„Јас сум тренер и мојата задача е да ги водам, учам, мотивирам и инспирирам луѓето. Болеста нема да ме спречи да го правам тоа што најдобро го знам. Секогаш, од мојот стручен штаб барам, а тоа го правам и од себе, да бидеме најдобрата верзија од нас.“ – се зборовите на 60-годишниот американски тренер со израелско потекло.

Дејвид и неговиот син Тамир (фото: online forum).

Дејвид Блат има титули со Макаби во Израел (5), Евролига (2014) и АБА лигата (2012), со Дарушафака во Еврокупот (2018), со Бенетон (2006) во Италија, со Динамо Санкт Петербург во Еврочелинџ купот (2005), го загуби НБА финалето со Кливленд од Голден Стејт (4:2, 2015).

  • Мултиплекс склероза е болест што влијае на способноста на нервните клетки во мозокот и `рбетниот мозок да комуницираат едни со други. Не постои познат лек. Третманите се обид да се повратат функциите по нападот и да спречат нов напад. Лековите може да имаат негативни ефекти, многу пациенти користат алтернативни третмани. Тешко е да се предвиди прогнозата, што зависи од подвидот на болеста и индивидуалните карактеристики на болеста на пациентот. Очекуваниот животен век е 5 до 10 години помал од тој на здрав човек.