ПОЧЕТНА ЕВРОПА Блат не може веќе…

Блат не може веќе…

сподели
фото: Olympiacos Piraeus

Тренерот на Олимпијакос заминува од позицијата шеф на стручниот штаб, поради тешката болест што му беше дијагностицирана.

Откако дозна дека има мултиплекс склероза, израелецот со американски пасош најави дека ќе седи на црвено-белата клупа до последниот ден, додека го држи силата.

Два месеца по објавата дека е болен, Дејвид Блат изјави дека завршува соработката со неговата последна екипа во кариерата, со заедничка согласност на двете страни, по долги разговори.