ПОЧЕТНА ЕВРОПА Бламажа во Блауграна, Барса понижена од европскиот шампион

Бламажа во Блауграна, Барса понижена од европскиот шампион

сподели

Очигледно е дека каталонскиот тим уште не е доволно вклопен за да им парира на најдобрите екипи во Европа. По двата пораза од Реал, Барса загуби и од ЦСКА, но доживеа една од најголемите бламажи во Евролигата во својата историја.

На домашен терен е поразена со 29 разлика (67:96) што е тешка шлаканица за најскапиот состав во постоењето на овој кошаркарски колектив. ЦСКА водеше и со 33 поени, можеше тоа да биде уште потежок дебакл.

Брендон Дејвис и Никола Миротиќ постигнаа по 19 поени за Барса, но изостана помошта од другите кошаркари. ЦСКА покажа дека има одличен тим, Џејмс постигна 14 поени, Хилијард 13, а Курбанов и Хајнс по 12.