ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Бјелица залудно до нов личен рекорд

(ВИДЕО) Бјелица залудно до нов личен рекорд

сподели
nbcsports.com

Србинот одигра одличен натпревар во кој постигна 34 поени, а додаде и 7 скока, меѓутоа Орландо беше оној кој ја однесе победата од Сакраменто со поените на Арон Гордон на 1,1 секунда пред крајот за 112-114.

Покрај Бјелица за домашниот тим одличен натпревар одигра и Де’Аарон Фокс кој броеше до 31 поен, 10 асистенции и 8 скока. Кај гостите од Флорида, 26 поени и 15 скока забележа Никола Вучевиќ, додека Еван Фурние додаде 25 поени и 6 асистенции.