ПОЧЕТНА СП 2019 Бјелица нема да игра за Србија!

Бјелица нема да игра за Србија!

сподели
фото: mondo.rs

Последното име што оди на списокот играчи што нема да настапат за селекцијата на нашиот северен сосед, е големата надеж за ова светско првенство, играчот на Сакраменто Кингс, Немања Бјелица.

Како што соопшти селекторот Ѓорѓевиќ, ова е само превентивна акција со цел кошаркарот да се поштеди од напорите што следуваат во следните натпревари.

„На отворањето на СП ќе играме само без Бјелица. Отокот на коленото му спласна и делуваме превентивно, претпазливо. Тој ќе има силни индивидуални тренинзи пред мечот, но нема да игра со Ангола. Има некаква циста во пределот кај коленото, затоа и вака постапуваме.“ – рече селекторот на Србија.