ПОЧЕТНА Други репрезентации Битка за 15-та позиција и за спас на честа

Битка за 15-та позиција и за спас на честа

сподели
fiba.basketball

Селекцијата до 20 години загуби од Унгарија со 62:55 во претпоследниот меч на континенталниот собир во Б дивизијата, што значи дека последната средба ќе ја одиграме за пласман на 15-та позиција од 21-на селекција

fiba.basketball

Најдобар поединец во нашите редови беше Павле Михајлоски со 17 поени и со 10 скока. Двоцифрен стрелец беше и Дамјан Крстевски, со 10 поени и со 6 скока. Славчо Темелковски имаше 7 поени и 13 скока.

fiba.basketball

Следен противник ќе ни биде селекцијата на Словачка, која што беше поразена во гхрупата за пласман на 13-та позиција од Белорусија, а од која што загубивме во групната фаза со 64:46.