ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА Бисерот на Вардар најдобар стрелец во EYBL

Бисерот на Вардар најдобар стрелец во EYBL

сподели

Освен одличните резултати на екипен план, вардарци на натпреварите од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) и индивидуално покажаа дека се работи за одлични кошаркари.

Во преден план изби Бојан Величковски, најдобриот играч во оваа генерација кој беше прогласен за МВП на завршниот турнир во М-13 првенството последната сезона. Кошаркарот на Вардар е најдобар стрелец во првата фаза од европската лигата со 111 поени или 27,75 по натпревар.

Најефикасен беше во дуелот со украинскиот Теиваз против кој постигна 39 поени. На Јан Минхен му „даде“ 31, на Ратгебер 29, а најнеефикасен беше на мечот против Острава, на кој Вардар го доживеа единствениот пораз. Величковски на тој натпревар постигна „само“ 12 поени.

Дека не е фокусиран само на нападот, 13-годишниот кошаркар покажа и со тоа што е трет скокач со 12,5 скока по натпревар (вкупно 50 скока), а има и трет индекс на корисност – 119 (29,75 во просек).