ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БИБЛ резервира две места за македонски екипи

БИБЛ резервира две места за македонски екипи

сподели

Раководството на Балканската кошаркарска лига испрати писмо со намери до КФСМ.

Во него, менаџментот на лигата која опстојува 12. години на овие простори, нуди можност за натпреварување на македонски клубови во сезоната 2020/2021 година.

Пред да биде завршена сезоната 2019/2020, во БИБЛ лигата веруваат дека идната ќе се реализира натпреварување со најмалку по два клуба-учесници од земјите во нашето опкружение.

Освен нашата федерација, исти такви покани стигнаа и до националните федерации на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора,  а постои можност во лигата да биде вклучена и некоја екипа од други земји на Балканот. Во зависност од бројот на пријавените екипи, БИБЛ предвидува формат за играње со 8, односно со 10 или 12. клубови учесници.

Лигата 2020/2021 би стартувала на 20.октомври, а би била завршена со финален турнир во период од 16. до 18. април, 2021 година.

Со овие две, Македонија во моментов има можност за дури осум места во меѓународните натпреварувања за претстојната сезона со шанса бројката да порасне на девет. Понуда за четири екипи има од Лигата на шампионите на ФИБА, две од АБА 2 и две од БИБЛ. Ако МЗТ Скопје го заземе местото на Приморска во елитната дивизија на АБА, тогаш девет клуба би можеле да излезат од нашите граници.

Македонија во минатото имаше два шампиона во БИБЛ – Фени Индустри во 2011 и Блокотехна во 2019 година, а Работнички во 2009 и Куманово во 2017 година играа финале.