ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Без Ленард и Џорџ, Клиперс не се сигурни ни во Атланта

(ВИДЕО) Без Ленард и Џорџ, Клиперс не се сигурни ни во Атланта

сподели
twitter.com/HawksNationCP

За гостувањето на Клиперс да не им биде пријатно, се погрижи Џон Колинс кој во отсуство на Тре Јанг, со 33 поени и 16 скока го предводеше фенерџијата до победа од 102:95.

Клиперс можеби се надеваа на лесен натпревар, па Каваи Леонард и Пол Џорџ останаа на клупата, а товарот на играта падна во рацете на Монтрез Харел кој го предводеше својот состав со 30 поени и 6 скока.

Победата над Лејкерс го разбуди Бостон, кој влезе во победничка серија по триумфот над Мемфис со 119:95. Џејсон Тејтум повторно беше на ниво, предводејќи ги зелените со 23 поени и 7 скока, додека со дабл-дабл учинок од 16 поени и 13 скока кај гостите, натпреварот го заврши Јонас Валанчиунас.

По ново продолжение, Мајами славеше над Вашингтон со 134:129. Тајлер Хиро беше херојот на тимот од Флорида – натпреварот го заврши со 25 поени, додека Џими Батлер додаде 24 поени и 10 асистенции. Блесокот на Бредли Бил од 38 поени, 9 скока и 5 асистенции, беше недоволен за гостите од главниот град.

На крилјата на Харден (27 поени, 5 скока, 5 асистенции) и Вестбрук (28 поени, 16 скока и 8 асистенции), Хјустон ја прекина низата на порази и им се врати на победите по славјето над Денвер со 121:105.

За гостите од Колорадо не беше доволен трипл-дабл учинокот од 19 поени, 12 скока и 10 асистенции, на Никола Јокиќ.

Со осумте асистенции на овој натпревар, Расел Вестбрук „скокна“ на 15-то место на вечната листа по бројот на асистенции.

Јута влегува во нова серија на победи, која сега брои три во низа, по триумфот над Голден Стејт со 96:129.

Донован Мичел и Руди Гоберт повторно беа предводници на Џез, овој пат со 23 поени и 3 асистенции, односно 22 поена и 15 скока. ДиАнџело Расел беше првото име кај Вориорс со 26 поени, 3 скока и 3 асистенции.