ПОЧЕТНА СП 2019 Без изненадувања, фаворитите убедливи, само Русија се мачеше

Без изненадувања, фаворитите убедливи, само Русија се мачеше

сподели
FIBA

Ниедна од селекциите кои важат за кандидати за висок пласман не киксираше на првиот ден од Светското првенство во Кина.

Освен Русија, сите остварија убедливи победи, три од нив ја надминаа границата од 100 поени, а уште една беше блиску до неа. Освен Србија, троцифрен број поени постигнаа Шпанија против Тунис (101:62) и Италија против Филипини (108:62). Блиску до тоа беше Аргентина против Кореја (95:69).

Во шпанската репрезентација блескаше Рики Рубио кој беше на чекор од дабл-дабл со 17 поени и 9 асистенции, а Љуљ додаде 16 поени. Кај Аргентина, Лапровитола постигна 17 поени, Скола два помалку. По 17 поени постигнаа и Датоме и Дела Вале за Италија.

На ред е вториот дел од првото коло од Мундобаскетот, со нешто поинтересни натпревар, барем во најава. На дело првпат ќе ги видиме Американците, против Чешка, Грција игра со Црна Гора, а Франција со Германија.