ПОЧЕТНА ЕВРОПА БЕРТОМЕУ: Вајлд-картите значат стабилност

БЕРТОМЕУ: Вајлд-картите значат стабилност

сподели
Fanatik

Челникот на Евролигата, освен тоа што го пофали своето натпреварување како револуционерно во Европа поради лигашкиот меѓународен систем и второ во светот според брзината на растењето во 20-годишното постоење, рече дека двегодишните лиценци за Баерн и за Асвел се тест за клубовите и за елитната лига:

„Француската екипа има стабилна структура предводена од Тони Паркер и Олимпик Лион, а германската многу брзо дојде рамо до рамо со останатите силни во нашата лига. Тоа и одговара на филозофијата на Евролига, а по двете години ќе заклучиме дали договорите ќе прераснат во трајни.“

Се почести се шпекулациите дека натпреварувањето под капата на УЛЕБ сака да се затвори со 16 постојани лиценци и две кои ќе бидат доделувани на финалистите на УЛЕБ Еврокупот, секоја сезона.