Ѕвездата на Филаделфија 76 го погоди првиот шут од зад линијата за три поени во неговата играчка одисеја, во претсезонскиот меч против Гуанжу Лајонс, што заврши со резултат 144:86. Публиката и соиграчите бурно го прославија неговиот премиерен погодок од оваа дистанца.
Австралискиот репрезентативец имаше 0/19 во ударите за три поени во претсезоната, регуларниот дел од сезоната и постсезоната, во двете претходни НБА години. Единствениот шут за три поени во колеџ кариерата го погоди на 30.11.2015 за екипата на ЛСУ против Чарлстон.