ПОЧЕТНА СВЕТ Батлер сам ги пресече Лејкерс

Батлер сам ги пресече Лејкерс

сподели
@Heat

Ако мислеа дека лесно ќе стигнат до титулата, се излажаа. Играчите од ЛА немаа одговор за првата ѕвезда на Мајами, кој во соло партија оствари неверојатен трипл-дабл за победа со која Хит намалија на 1:2, во НБА финалето.

Џими Батлер постигна 40 поени, со 13 асистенции и 11 скока, кај победничката екипа која играше без повредените Адебајо и Драгиќ. Кај поразените, Џејмс имаше 25 поени со 10 скока и 8 асистенции, а Дејвис имаше 15 поени.