ПОЧЕТНА ЕВРОПА Басконија намириса слабост на северот и ја казни

Басконија намириса слабост на северот и ја казни

сподели
euroleague.net

Жалгирис исто како лани, лошо стартуваше во Евролигата. Пред своите навивачи загуби од Басконија со 58:70. Сепак, ова е само прв натпревар во новата елитна сезона и за очекување е брзо будење на литванскиот гигант и некогашен (1999) европски шампион.

Момент од секогаш преполната (15.000) Жалгирио Арена во Каунас (фото: euroleague.net).

Убедливо најдобар играч во редовите на шпанскиот тим беше Шејвон Шилдс, кој во победата постигна 19 поени, а имаше и 5 скока. На спротивната страна, двојката на домашните Григонис – Лекавичиус, беше најсветлата точка и заврши со по 10 поени.